Утрински Весник
Македонија

Што ќе се случи ако денеска не се постигне цензус на претседателските избори

Izbori.webp.webp

Граѓаните на Северна Македонија денеска бираат нов претседател кој ќе ја води државата во наредните пет години.

Избирачките места се отворени од седум часот а гласачите пред себе имаат два избора, Гордана Силјановска Давкова и Стево Пендаровски, а во исто време се гласа и на парламентарните избори.

Парламентарните избори се закажани на ист ден со претседателските и поради постигнување на цензусот од 40 отсто што е услов за избор на претседател.

Победник е оној кој добил барем еден глас повеќе, но услов е на гласање да излегле минимум 40 проценти од граѓаните со право на глас, запишани во единствениот избирачки список. Доколку овој услов не биде исполнет, целата постапка за избор на претседател се повторува.

Членот 81 од Уставот предвидува и што треба се случи доколку цензусот не биде постигнат. Но овој дел не е докрај јасен.

„Доколку и во вториот круг од гласањето ниту еден од кандидатите не го добил потребното мнозинство гласови, се повторува целата изборна постапка“, стои во членот 81.

Но, уставотворците не предвиделе рок до кога мора да се распишат новите претседателски избори ако не се исполни цензусот, а предвиделе дека во случај на спреченост, функцијата претседател ја врши претседателот на Собранието (член 82).

Можете да прочитате

Нова акција: Полиција упадна во фабрика за марихуана во Валандово

Јане Ченто: Артан Груби во куќен притвор, јас 28 месеци во притвор

Маж се обидел со фалсификат диплома да поднесе документи за возачка дозвола