Истражувачите од „Центарот за примена на концепт за намалување на штети“ откриле дека преминувањето на електронски цигари и производи кои го загреваат тутунот, го намалуваат васкуларното оштетување и развој на болести поврзани со пушењето.
Оваа научна студија која траела две години, ја објавила меѓународната група на експерти, спроведувајќи анализи низ независни лаборатории. Фокусот на ова истражување било на процена на штетата предизвикана на клетките кои ја сочинуваат внатрешноста на крвните садови, пренесува „analyticalsciencejournals“.
Имено, следејќи најмногу меѓународни научни стандарди, истражувачите го споредиле нивото на штетно влијание на тие клетки кај консумирањето на класични цигари во однос на користењето на електронски, односно производи кои го загреваат тутунот.
„Едноставно, штетата која можат да ја предизвикаат електронските цигари е значително помала од штетата која ја предизвикува чадот од класичните цигари“, објаснил професор Масимо Карузо, автор на студијата, па истакнал и дека ова истражување оспорило поединечни идеи дека електронските цигари се еднакво или слично штетни како традиционалните кои го согоруваат тутунот.
„Интересен факт е тоа што преминувањето на производи без согорување на тутунот, го намалуваат кардиоваскуларното оштетување и ги намалуваат можностите на појава на болести поврзани со пушењето како што се артеросклероза и хипертензија“, вели проф. Карузо.
Проф. Рикардо Полоса, основач на Центарот, смета дека резултатите на оваа студија можат да имаат големо значење во областа на јавната политика во превенција на здрави луѓе.
„Имајќи го предвид неуспехот на досегашната стратегија во борбата против чадот од цигарите, овие податоци даваат корисни научни информации кои можат да им помогнат на креаторите на јавна политика при носење одлука во начинот на регулирање на овие производи“, истакнува проф. Полоса.
Пушењето на класични цигари, односно изложеност на чадот кој настанува со согорување на чадот, е најчест поттикнувач на болести како што е атеросклерозата. Оштетувањето на клетите во внатрешните крвни садови претставува првобитна патолошка појава кај традиционалното пушење, пишува во анализата.
Научниците нагласуваат дека намалената изложеност на токсини од чадот од цигарите може да резултира со ублажување на штетно влијание на развој за кардиоваскуларни болести
Бројни меѓународни студии тоа и го потврдиле. Клетките изложени на е-цигарите ја задржуваат својата способност ефикасно да обновуваат мали рани во крвните садови, за разлика од клетките изложени на чад од класичните цигари на кои многу им е отежната способноста на самообновување, заклучиле научниците.