Утрински Весник
Македонија

Што ја премисли? Ванковска во 2019 година изјави “Силјановска е предобра, не ја заслужуваме”

Adsiz tasarim 3.png

Кандидатката за претседател на државата од Левица, Билјана Ванковска во 2019 година даваше безрезервна поддршка за кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска-Давкова и сметаше дека таа е предобра и не ја заслужуваме.

„Секој народ има власт каква што заслужува! Поразот на Силјановска покажува само дека си ги заслужуваме и Стево, и ЗЗ и Али. Гордана Силјановска Давкова е премногу добра за оваа колонија. Еден пријател ми рече одамна дека таа е 10.000 км над нивото на нашата политика. И’ честитам на стаменоста, достоинството, пристојноста и умот. Не ја заслужуваме. Таа стори сè што беше во нејзина моќ – ние ја изневеривме“ напиша Ванковска на социјалните мрежи тогаш.

Што се промени во овие пет години кај Ванковска, па сега Сиљановска не е повеќе предобра, туку таа се одлучува да се натпреварува против неа за позицијата Претседател на државата.

Сега Ванковска во нејзината кампања настапува остро против сите партии, вклучително и партијата на „предобрата“ Силјановска, ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

ОЈО бара снимки за националистичките скандирања во Куманово

Мицкоски утре на поставување камен темелник на спортска сала во Воената академија

Нови пожари низ Македонија, гори кај Ваксинце, Богомила, Милетино и Церово