Утрински Весник
Македонија

Штипската Клиничка болница предвидува набавка на нови медицински апарати

Bolnica.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Околу сто милиони денари е планирано да се инвестираат во нови медицински апарати во штипска Клиничка болница, најави денеска директорот на болницата, Владко Захариев.

Во процедура се набавка на апарати. Чекаме одобрение, за да можеме да распишеме јавна набавка за апарат за испитување на остеопороза, имаме и голема набавка на апарти со што Анестезија и интензивно лекување ќе биде затворен, со што тоа се апаратите операција, респиратори, транспортни респиратори и други апарати во рамките на ова одделение, вели Захариев.


Тој најави дека во тек е и постапката за избор на изведувач за адаптација на модуларната болница во амбуланти, во кои ќе се вршат прегледи на пациентите преку „Мој термин“.

-Во моментов сме во преговори со градоначалникот, Јорданов и локалната самоуправа да се отвори уште еден пристап за пациентите кај модуларната болница. Во скоро време ќе се почне и процедура за адаптација на Ургентниот центар, тоа е овој простор позади вас за Ургентен центар, вели Захариев.

Директорот на регионалната болница за источниот регион, Захариев додаде дека годинава планирано е и реконструкција на кровот на зградата на Инфективното одделение, како и во болничките соби, амбулантите и соблекувалните и во објектот на Одделението за Физикална терапија, кој се наоѓа кај бањата „Кежовица“.

Можете да прочитате

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен

АМСМ: Блокиран патот Берово-Струмица поради собир, магла кај Ресен

Мицоски: За мене Македонија е свето име