Утрински Весник
Македонија

Штипската Клиничка болница ќе отвори ургентен центар

Unnamed 3.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Клиничка болница – Штип ќе добие ургентен центар. Директорот Владко Захариев изјави дека во него, лекарите и медицинскиот персонал ќе им укажуваат итна здравствена заштита на пациентите од целиот Исток.

Тој посочи дека за да функционира, потребно е да биде формирана работна единица, каде ќе се спојат тимовите од Брзата помош и болницата. Дополнително ќе бидат ангажирани и приватните специјализанти кои преку проектот на ресорното министерство, со работа ќе почнат во болницата.

– Со заменик министерот разговаравме дека треба да се направи ефузија со Брзата помош и Клиничка болница. Да се направи работна единица – ургентен центар, каде што тие тимови, би работеле. Во тој центар ќе ординираат и специјализантите кои ќе работат во Клиничка болница. Очекуваме дека ќе има доволно вработени кои ќе го опслужуваат целиот регион, рече Захариев.

Тој истакна дека ургентниот центар во Штип ќе работи 24 часа, секој ден во неделата, ќе ги покрива сите итни состојби кај децата и кај возрасните. Побрзо ќе се поставува дијагностика, а ќе се подобри и функционалноста, појасни тој, односно, контактот меѓу здравствените тимови од целиот регион.

Неколку години наназад се зборува за отворање ургентен центар, но, досега не е отворен, како што се вели, бидејќи недостасува кадар. Лекари специјалисти недостасувале во сите одделенија, а ист бил и проблемот со медицински сестри, болничари и хигиеничари.

Можете да прочитате

Презентација на наоди од истражување на инциденти на насилство врз млади жени и девојки

Македонија со 2 автобуса на 1000 жители над европскиот просек од 1,6

Ратификацијата на Договорот за меѓуграничниот железнички тунел со Бугарија пред пратениците