Еквадор може да жали што не стигна до втора победа на Светското првенство во Катар откога, иако прими бргу гол од Холандија, на крајот доминира против „оранје“ за да се задоволи со 1:1 реми, а во исто време да го загуби и својот најдобар стрелец, Енер Валенсија, кој се повреди во финишот на мечот. Овој резултат значи дека домаќинот Катар е првата репрезентација што е елиминирана од шампионатот, а Холандија и Еквадор го чекаат последното коло.
Холандија имаше подобар почетокт на мечот и стигна до водство по само шест минути игра кога новата ѕвезда на ПСВ Ајндховен, Коди Гакпо, постигна прекрасен гол, негов втор на шампионатот, за да си ја зголеми својата цена на фудбалскиот пазар.
Но, по ова, иницијативата постојано беше кај јужноамериканската репрезентација, која постигна и гол во финишот на полувремето преку Первис Еступињан, но тој беше контроверзно поништен. Само што почна второто полувреме, Енер Валенсија го постигна својот трет гол на мундијалот за да израмни на 1:1. Еквадорците потоа влегоа во постојана офанзива и беа далеку подобри од разочарувачките Холанѓани. Единствена дамка беше повредата на коленото на Валенсија во финишот на мечот.
Сега, Холандија и Еквадор имаат по 4 поени на врвот на табелата, Сенегал има три, а Катар, кој е елиминиран, е без поени. Во последното коло Холанѓаните играат со Катар, а Еквадор го пречекува Сенегал во директен меч за нокаут-фазата.
Графика: Sofascore за Топспорт.мк
(function (el) {
window.addEventListener(“message”, (event) => {
if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) {
if (el.id === event.data.id) {
el.style.height = event.data.height + “px”;
}
}
});
})(document.getElementById(“sofa-standings-embed-3954-41087”));