Утрински Весник
Свет

Штајнмаер: Независноста и територијалниот интегритет на Украина мора да се зачуваат

Штајнмаер: Независноста и територијалниот интегритет на Украина мора да се зачуваат

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер е скептичен за мировните преговори меѓу Украина и Русија, пишуваат медиумите во регионот.

dobivaj vesti na viber

Тој посочува дека доколку се сака да се постигне праведен мир, не смее да се случи заземањето земјиште да биде запечатено со примирје.

„Ова значи дека суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Украина мора да се зачуваат“, рече Штајнмаер.

Тој нагласи дека мора да се извлечат поуки од грешките на германската политика кон Русија.

Според него, повеќе не може да се потпира на фактот дека ќе следат промени преку трговијата.

Европско-руските односи, вели тој, се доказ дека економската размена не значи автоматски политичко зближување.

„Учењето лекции значи и дека треба да ја намалиме меѓусебната зависност, а тоа е особено точно во однос на Кина“, подвлече Штајнмаер.

Можете да прочитате

Руски дронови на небото над Полска, активирана воздушната одбрана, свикан итен состанок на државниот врв

Макрон избра нов премиер на Франција

Орбан за приемот на Украина: Проширувањето на ЕУ не може да се базира на лицемерие и двојни стандарди