Утрински Весник
Свет

Шпанскиот премиер Педро Санчез е заразен со коронавирус

Шпанскиот премиер Педро Санчез е заразен со коронавирус
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека е заразен со коронавирус и додаде дека ќе продолжи да работи со сите мерки на претпазливост.

dobivaj vesti na viber

„Утрово ги добив резултатите од тестот за коронавирус. Јас сум позитивен. Ќе продолжам да работам со сите мерки на претпазливост“, напиша Санчез на Твитер.

Шпанскиот премиер беше заразен два дена по враќањето од Њујорк, каде учествуваше на седницата на Генералното собрание на ОН и се сретна со бројни светски претставници.

Санчез не кажа дали ги откажал активностите до крајот на неделата, бидејќи во петокот во Аликанте ќе има состанок на шефовите на држави и влади на осум земји од Европската унија.

Можете да прочитате

Словаците излегоа на протести низ земјата со барање за оставка на премиерот Фицо

Хегсет одбива да објави видео од американскиот напад врз брод со дрога во Карибите

Напаѓачот од Бонди обвинет за 15 убиства