Утрински Весник
Свет

Шпанскиот премиер ја доби поддршката на Ирска и Норвешка за признавање на Палестина

Pedro Sanchez.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Шпанскиот социјалистички премиер Педро Санчез, кој собира поддршка ширум Европа за признавањето на палестинската независност, ги придоби Ирска и Норвешка, но не и Португалија откако конзервативците дојдоа на власт таму, објави шпанската јавна телевизија ТВЕ.

„Она што се случи викендов потврдува дека она што го заговараме со месеци е неопходно“, рече Санчез вчера на прес-конференцијата на која присуствуваше со новиот португалски премиер Луис Монтенегро.

Во саботата вечерта Иран го нападна Израел со беспилотни летала како одговор на ракетниот напад врз иранскиот конзулат во Сирија.

„Сега пред нас се отвораат два патишта. Едниот води кон ескалација на војната, а другиот до прекин на огнот на сите страни“, рече Санчез. „Од почетокот на оваа криза, Шпанија се залага за мировен процес со решение за две држави, а со тоа и за заемно признавање на Палестина и Израел“, додаде тој.

Санчез уште порано рече дека Шпанија има намера да ја признае независната држава Палестина до јули и дека наскоро може да се создаде „критична маса“ во ЕУ за тоа да го сторат и другите земји.

Во ова на Шпанија и се придружија Ирска и Норвешка, кои Санчез ги посети во петокот, но новоизбраната влада на Португалија остана воздржана.

Санчез истакна дека меѓународната заедница веќе доцни со спроведувањето на решението за две држави, кое претходно беше предложено од ОН во границите од 1967 година.

„На Палестинците не може да им се помогне ако не се признае нивното постоење“, рече тој.

Додаде дека признавањето на Палестина, која ќе живее во мир со Израел, е единствениот начин за мирен соживот на Израелците и Палестинците.

Можете да прочитате

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп