
Оваа година, шпанската божиќна лотарија ќе исплати импресивни 2,77 милијарди евра на среќните добитници, што е за 70 милиони повеќе отколку во 2024 година. Лотаријата, која постои повеќе од два века, важи за најстара во светот и е позната по огромниот добитен фонд. Главната награда „el gordo“ (дебелата) изнесува четири милиони евра за еден билет и ќе биде исплатена 198 пати оваа година, што е пет пати повеќе од минатата година. Добитниот број 79.432 беше извлечен во Театро Реал во Мадрид, а броевите ги испеаа двајца ученици од интернатот Сан Илдефонсо, придружувани со аплауз и возбудување од публиката.
Локалните медиуми известија дека големите добивки овојпат им припаднаа не само на граѓани од Мадрид, туку и на жителите на неколку сиромашни села во регионот Леон, кои оваа година беа погодени од шумски пожари. Втората награда од 1,25 милиони евра беше извлечена само 15 минути по почетокот на лотаријата, а среќниот број беше 70.048. Во Шпанија, божиќната лотарија е повеќе од игра на среќа – таа е вистински предбожиќен ритуал и дел од празничната магија.


