Утрински Весник
Спорт

Шпанија преку Италија до пехарот во Светскиот куп

Шпанија преку Италија до пехарот во Светскиот куп

Шпанската ватерполо репрезентација го освои златото на Светскиот куп. Во финалето, во Лос Анџелес, Шпанија ја победи Италија со 10:4 (5:1, 2:2, 3:1, 0:0).

dobivaj vesti na viber

Со пласманот во финалето Шпанија и Италија обезбедија директен пласман на Светското првенство во Доха следната година.

Најдобар актер на натпреварот беше Гранадос со четири гола. Роча Пероне постигна три гола од шест обиди, а мрежата на Италијанците ја затресоа и Санахуја, Мунариз и Де Торо.

Во тимот на Алесандро Кампања немаше двоен стрелец. Ди Фулвио постигна само еден гол од шест обиди, а Канеља, не погоди ниту еднаш од од пет обиди. По еден гол постигнаа Прескути, Бруни и Ди Сома.

Во борбата за третото место Унгарија по изведувањето на пенали ги совлада Соединетите Американски Држави со 18:16.

Можете да прочитате

Селекторот на македонските кошаркарки Илиевски поднесе оставка

Лазаров: Пред ЕУРО 2026 ќе прифатев ваков исход, но ќе сакав повеќе

(Видео) Со гол во последна секунда Македонија ја победи Романија на ЕП во ракомет