Утрински Весник
Свет

Шпанија: Маслиновото масло е производ кој е најчесто на мета на крадците

Kvalitetno Maslinovo Ulje I Kako Ga Prepoznati.jpg

Маслиновото масло е најчеста цел на крадците во супермаркетите во речиси половина од Шпанија, објави Скај њуз.

Цената на маслото скокна откако минатата година сушата на југот на земјата го погоди маслиновиот род. Организираните криминални банди го крадат маслото, позната и како „течно злато“, а потоа го препродаваат, изјави Рубен Наваро, директор на синџирот супермаркети „Ту Супер“, кој има 30 продавници во Андалузија, јужна Шпанија.

Тој додаде дека маслиновото масло станало идеален производ за нивно крадење.

Во сите шпански супермаркети, вториот производ кој најчесто е цел на крадците е алкохолот, а по него е пиринејската шунка.

Литар екстра девствено маслиново масло пред четири години чинеше помалку од пет евра, а сега чини 14 евра.

Шпанија е најголемиот производител на маслиново масло и семејствата обично го купуваат на големо за готвење.

Сега супермаркетите ги врзуваат пакувањата од пет литри маслиново масло со катанец за да спречат кражба.

Исто така, поединечните шишиња се опремени со безбедносни уреди за да се спречи кражба, кои можат да ги отстранат само работниците.

Сепак, Хозе Изкиердо, шеф на продажба во синџирот супермаркети Ероски, рече дека крадците сега користат магнети за да ги скршат ознаките.

Маслиновото масло најмногу се краде од супермаркетите во регионите на Арагон, Андалузија, Кастиља-Ла Манча, Каталонија, Валенсија, Мадрид, Балеарските Острови и Екстремадура.

Исто така, распространета е кражбата на чадени сирења и жилети.

Производителите на маслинки и компаниите за преработка на маслиново масло се исто така жртви на разбојници, а крадците крадат десетици илјади литри масло.

Можете да прочитате

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд

Кендал: Земјите-членки на НАТО се вовлечени во „скриена кибервојна“ со Русија

Најмалку шест луѓе загинаа во вооружен инцидент во дискотека во Мексико