Утрински Весник
Спорт

Шоу на Мбапе и Меси на „Велодром“ – ПСЖ уште се најсилниот француски клуб

Шоу на Мбапе и Меси на „Велодром“ – ПСЖ уште се најсилниот француски клуб
Dik 300x250 mk

Килијан Мбапе имаше два гола и една асистенција, додека Лео Меси заврши со еден гол и две асистенции за Пари Сен-Жермен да стигне до импресивна 0:3 победа на гости кај својот најлут француски ривал, Олимпик Марсеј за да докажат дека ПСЖ уште се најмоќниот француски клуб.

dobivaj vesti na viber

Шоуто го отвори Килијан Мбапе во 25. минута по асистенција на Меси, за само четири минути улогите да бидат обратни – Мбапе му асистираше на Меси за тој да го постигне својот 700. гол во клупскиот фудбал. Секоја надеж дека тимот на Игор Тудор ќе успее да се врати во второто полувреме беше уништено веќе во 55. минута, кога Меси пак му асистираше на Мбапе за 0:3.

Со трите поени ПСЖ се врати на осум поени предност пред Марсеј на второто место, додека Монако и Ленс заостануваат 10 поени.

Можете да прочитате

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс