Утрински Весник
Свет

Шолц: Украинските бегалци или да најдат работа или да се вратат дома

20241204174345 Big 730x400 86.webp.webp

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека невработените украински бегалци мора да бидат охрабрени да се вработат или да се вратат во својата матична земја, јави ДПА.

-Премногу од нив се тука толку долго, и, како да кажам, сега треба да започнат да работат, рече Шолц пред пратениците во Бундестагот, Долниот дом на германскиот Парламент.

Германија мора да обезбеди услови што е можно повеќе Украинци и другите бегалци да бараат работа откако ќе го научат германскиот јазик и другите мерки за интеграција.

Канцеларот смета дека претходните успеси, со владината таканаречена програма „работа турбо“, не беа доволни, пренесува германската агенција.

Два дена по неговата посета на Киев, Шолц рече дека „долго“ разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски за ова прашање.

Шолц објави дека Зеленски има за цел да „ помогне да се постават украински авторитети во Германија и Полска за поддршка на Украинците“, тие или да најдат работа или да се вратат дома.

Властите во Киев го преименуваа Министерството за реинтеграција – кое е одговорно за помагање на Украинците кои се враќаат – во министерство за национално единство.

Можете да прочитате

Зеленски најави санкции против Грузија

Падна владата на Франција – 24info.mk

Владата во Јужна Кореја понуди колективна оставка