Утрински Весник
Свет

Шолц и Бајден: Нуклеарните закани на Кремљ се неодговорни

Шолц и Бајден: Нуклеарните закани на Кремљ се неодговорни

Германскиот канцелар Олаф Шолц и американскиот претседател Џозеф Бајден разговараа денеска по телефон и се согласија дека најновите нуклеарни закани на Кремљ се „неодговорни“ и дека делумната мобилизација е „сериозна грешка“, се вели во соопштението на германската влада.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на телефонскиот разговор, кој траеше речиси еден час, беа подготовките за претстојните состаноци на Групата седум и Групата 20, кои ќе се занимаваат со нападот на Русија врз Украина и неговите последици, се наведува во соопштението, пренесе Ројтерс.

Двајцата лидери се согласија никогаш да не ја прифатат руската анексија на украинската територија, нарекувајќи ја натамошна ескалација, соопшти германската влада.

Можете да прочитате

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници