Утрински Весник
Свет

Шолц: Европа треба да ја зајакне својата способност за самоодбрана

D188d0bed0bbd186 D0bdd0b0d0b1d180d0b7d0be D19cd0b5 D0b8d0bcd0b5d0bdd183d0b2d0b0 D0bdd0bed0b2 D0bcd0b8d0bdd0b8d181d182d0b5d180 D0b7d0b0 63cba44855584.jpeg

Европа треба да ја зајакне својата способност за самоодбрана за да ги одврати потенцијалните агресори, без оглед кој ќе победи на претстојните избори во САД и како ќе се развива војната во Украина, рече денеска германскиот канцелар Олаф Шолц во обраќањето на меѓународната безбедносна конференција во Минхен.

„Ние Европејците треба многу повеќе да се грижиме за сопствената безбедност, сега и во иднина“, рече Шолц на вториот ден од форумот, познат и како „Давос во одбраната“.

Германија, најголемата европска економија, ги зголеми трошоците за одбрана на два отсто од нејзиниот бруто домашен производ и ќе продолжи да се придржува до оваа цел поставена од НАТО, увери канцеларот.

Тој, исто така, рече дека Германија разговара со своите сојузници Франција и Британија за развој на прецизно оружје со долг дострел за да се осигура дека нејзината стратегија за одвраќање е на најсовремено ниво.

Можете да прочитате

Блинкен: Ракетата што го погоди Голан била лансирана од Хезболах

Нетанјаху: Терористите на Хезболах убија деца, ќе платат висока цена

Северна Кореја предупреди на целосно уништување на непријателот во случај на војна