Утрински Весник
Македонија

Шолц даде јасни и силни гаранции дека нема нови условувања за Македонија, велат од СДСМ

СДСМ: Нови мерки на Владата за помали цени на храната
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Од партијата СДСМ велат дека германскиот канцелар Олаф Шолц по средбата со претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во Берлин дал јасни и силни гаранции дека нема нови условувања за Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

„Шолц нагласи дека пристапните преговори за Северна Македонија кон ЕУ треба да се одвиваат по редовен процес, според постапките кои се управуваат од ЕУ, дека тоа се работи кои се веќе напишани на хартија и не треба да има други што се однесува до билатералната состојба меѓу Северна Македонија и Бугарија. Германскиот канцелар уште еднаш изрази голема почит за македонскиот идентитет, јазик и историја и за огромните напори што Северна Македонија ги вложува во реформи на патот кон ЕУ“, велат од партијата

Според нив сега е време за планираната промена на уставот, сега е време за храбри и државнички одлуки кои ќе ни го отворат патот до ЕУ.

„ЕУ е стратешка цел на државата и на граѓаните, кои заслужуваат да живеат во земја членка на ЕУ, да имаат можност за подобра, побогата иднина, повисок животен стандард“, додаваат од СДСМ.

Уставните измени беа во фокусот на синоќешната средба на премиерот Димитар Ковачевски и германскиот канцелар Олаф Шолц, кој рече дека сега од централно значење е планираната промена на Уставот за да се ослободи патот за ЕУ.

Можете да прочитате

Политички судир: Реформи на СДСМ наспроти националниот наратив на ВМРО-ДПМНЕ за влез во 2026 година

34 автомобили оштетени на паркинг во Аеродом

СДСМ обвинува дека власта го следела Филипче