Утрински Весник
Македонија

Шок за иселеник: Работи во Швајцарија, а дома го чекал долг од 82.000 евра за кредит што никогаш не го зел

Baa5ffd2 ffcc 48d0 8cf7 13e3ab0f7523.jpg

Четириесет и шестгодишен маж од гостиварско село, кој работи во Швајцарија, пријавил во полиција дека неговите лични податоци биле злоупотребени, откако дознал дека против него се води извршна постапка за долг од над 82.000 евра, иако, како што тврди, никогаш не подигнал кредит.

Од Секторот за внатрешни работи Тетово информираат дека случајот бил пријавен вчера во 12:30 часот во ОВР Гостивар. Според пријавата, мажот бил контактиран од извршител, кој го известил дека против него се води постапка како сопственик на фирма, поради долг од 5.085.079 денари кон банка во стечај.

Дополнително, во постапката биле побарани и заложени средства – товарно возило „ман“ и работна машина багер, за кои пријавителот тврди дека никогаш не биле во негова сопственост.

Тој појаснил дека никогаш не основал фирма ниту поседувал градежна механизација и се сомнева дека неговите лични податоци биле злоупотребени преку фалсификувана документација при подигнување на кредит.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.

Можете да прочитате

Пронајдено оружје при претрес во тетовско, лишени од слобода две лица, едниот на интернет се заканувал дека ќе изврши масовно убиство 

Македонија првпат доби екстрадиција од Дубаи – осуденик вратен во земјата

Сообраќајот на патот Виница – Берово е во целосен прекин поради протест