Утрински Весник
Македонија

Шок во судница: Ивана барала полиција – оператор ја препраќал кај куќен совет

D1d4e68e bf44 49bf a6e7 e9606a0a8d33.jpeg

Аудиоснимка од Центарот за итни случаи 112, презентирана денеска во судница, открива драматични моменти од комуникацијата на сега починатата Ивана Јовановска, која на 15 октомври 2025 година телефонски го пријавила својот сопруг Стојанче Јовановски.

Во повикот, Ивана пријавува дека нејзиниот сопруг чува дрога во нејзиниот стан на булевар „Теодосиј Гологанов“ во Скопје, и дека во тој момент е заклучен внатре и не ѝ дозволува да влезе.


„Сакам да пријавам дека во мојот стан сопругот чува дрога“, вели таа во разговорот со операторот, барајќи итно да биде поврзана со полиција.

Од аудиоснимката може да се слушне дека операторот бара дополнителни податоци, меѓу кои и име на сопругот, но Ивана инсистира веднаш да биде поврзана со полиција, без да ги достави сите информации.

Во текот на разговорот, таа директно му се обраќа на сопругот, кој се наоѓал во станот:

„Ќе отвориш или да те пријавам?“ – по што додава „А, сигурен си?“, пред повикот да заврши.

Судот информираше дека овој повик е поврзан со уште еден претходен повик направен истиот ден во 08:38 часот.

Во тој разговор, Ивана барала насоки од операторот како да постапи во ситуација кога некој ѝ го заклучил станот и не ѝ дозволува пристап. Наместо директна интервенција, операторот ѝ предложил да се обрати кај куќниот совет, а доколку не добие помош – да биде поврзана со противпожарната служба.

Ивана појаснила дека куќниот совет нема клучеви од нејзиниот стан и повторно побарала да биде поврзана со полиција. Сепак, операторот повторно ја упатил на куќниот совет, со можност пожарникарите да ја отворат вратата доколку е потребно.

„Не ми е проблем да се скрши вратата“, вели таа во разговорот, нагласувајќи ја сериозноста на ситуацијата.

Овие аудиоснимки, презентирани како доказен материјал, отвораат прашања за постапувањето на службите и за реакцијата на институциите во моменти кога граѓаните бараат итна помош.

Можете да прочитате

АХВ вратила 10 тони јагнешка кожа што требало да мине низ Македонија

Трагедија што можела да се спречи? Соседи, мајка и дете со бројни пријави за насилство

Приведен турски држајанин фатен со дрога во Штип