Утрински Весник
Спорт

Шок во Франција! Мбапе сака да си замине од ПСЖ веќе во јануари

Шок во Франција! Мбапе сака да си замине од ПСЖ веќе во јануари
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Иако ова година го продолжи договорот со Пари Сен-Жермен со што стана најплатениот фудбалер на светот, Килијан Мбапе е крајно незадоволен во францускиот клуб и е подготвен веќе во јануари да побара трансфер, тврди француското радио „РМЦ“.

dobivaj vesti na viber

Според нивните извори, Мбапе уште во јули побарал заминување од клубот, и сега е подготвен да „турка“ за излез во јануари. Клубот се согласил да го продаде уште во јули, но само во Ливерпул, а не во неговата посакувана дестинација, Реал Мадрид.

Според „РМЦ“, Мбапе се чувствува „предаден“ од Пари Сен-Жермен, откако во мај клубот му направил серија ветувања, кои не можел да ги оствари за да го продолжи договорот до 2024.

Мбапе го одби претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, кој потоа изјави дека не му е потребен „ваков“ Мбапе, а шпанските медиуми реагираа луто на одбивањето на „кралевите“, така што ќе биде интересно дали во јануари неговата судбина ќе биде, сепак, да пристигне на „Сантијаго Бернабеу“.

Можете да прочитате

Вардар предложи јужната трибина да го носи името Васил Рингов

Нов трипл-дабл за Јокиќ, но пораз на неговиот тим

Јувентус по три победи во низа, се проби на третото место