Утрински Весник
Свет

Шојгу разговараше за горливите прашања со шефот на Пентагон, Остин

Шојгу разговараше за горливите прашања со шефот на Пентагон, Остин

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, денеска имал телефонски разговор со американскиот министер за одбрана, Лојд Остин.

dobivaj vesti na viber

Тие се осврнаа на „горливите прашања на меѓународната безбедност, вклучително и Украина“, се вели во соопштението на министерството, пренесува ТАСС.

Шојгу и Остин последен пат разговарале на 13 мај.

Неименуван американски функционер тогаш изјави дека разговорот, одржан на барање на Остин, траел околу еден час, но не решил никакви конкретни прашања и не довел до директни промени во руските акции во Украина. Службеникот го опиша разговорот како „професионален“, пренесува „Ројтерс“.

Можете да прочитате

Лавров: Велика Британија повеќе не треба да го користи називот Велика

Во Португалија приведени 37 неонацисти

Британската влада размислува за забрана на социјалните медиуми за тинејџерите, по примерот на Австралија