Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска најави значително зајакнување на руската армија на големата средба со воените команданти и претседателот Владимир Путин, тврдејќи дека бројот на активниот воен персонал ќе се зголеми од милион на милион и пол.
Шојгу тврди дека оваа бројка треба да вклучува 695.000 волонтери кои ќе потпишат договор со армијата. Тој, исто така, предложи да се зголеми старосната граница на која руските мажи ќе служат задолжителна воена служба. Така, според Шојгу, мажите на возраст од 21 до 30 години ќе служат задолжителен воен рок во Русија.
Според сегашниот закон, мажите на возраст од 18 до 27 години се обврзани да служат воен рок. И Путин и Шојгу постојано рекоа дека регрутите не се испраќаат во војна во Украина.
Русија го забрзува развојот на модерно оружје за армијата, рече Шојгу, додавајќи дека руските сили ќе формираат нови единици на западот од земјата поради намерата на Финска и Шведска да се приклучат на НАТО.