Утрински Весник
Македонија

Шлепер со хуманитарна помош кон Турција испратија Министерството за одбрана и Армијата

Шлепер со хуманитарна помош кон Турција испратија Министерството за одбрана и Армијата

Согласно Владината одлука за хуманитарна помош во материјални средства за Република Турција, Министерството за одбрана и Армијата денеска испратија шлепер со хуманитарна помош која се состои од 5.000 ќебиња и 200 санитетски носилки за прва помош.

dobivaj vesti na viber

Пакувањето и транспортот на хуманитарната помош се реализирани во соработка со Македонско-Турската стопанска комора, информираат од овие институции.

Пратката, според соопштението, ќе биде доставена до градот Батман во југоисточниот дел на Турција, кој беше погоден од катастрофалниот земјотрес.

Можете да прочитате

Маж нападнат во сопствениот двор од сосетката со дрвен предмет

АА: Нема да дозволиме преку административни одлуки да се укине институционалната застапеност на Албанците

Филипче: Дискусии да, но за прашања од интерес на сите граѓани