Утрински Весник
Спорт

Шкупи доведе уште двајца странци, Нилтињо и Армин Хоџиќ

Шкупи доведе уште двајца странци, Нилтињо и Армин Хоџиќ

Шкупи доведе уште двајца странски фудбалери за да го засили нападот. Станува збор за 29-годишниот Бразилец Нилтон Соарес Родригес, со прекар Нилтињо, како и Армин Хоџиќ, поранешен фудбалер на Динамо Загреб.

dobivaj vesti na viber

Нилтињо потпиша едногидшен договор, а доаѓа од Валета во првенството на Малта. Во кариерата има настапувано за клубови како Сао Каетано, Паначаики, Наутико, Понте Прета, Чавес, Атлетико Го, Чапаекоенсе.

Нилтињо најчесто игра на десната крилна позиција, но може добро да се снајде и како лево крило.

Армин Хоџиќ е 28-годишен босански интернационалец кој во минатото играше за Динамо Загреб, Фехервар, Кашимпаша и треба да биде големо засилување за нападот на Шкупи.

 

Можете да прочитате

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026

Скопје домаќин на олимписки G1 таеквондо спектакл

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026