Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Шифрин се израмни со Вон со триумфот на „Златната лисица“

Шифрин се израмни со Вон со триумфот на „Златната лисица“
Img 7972

Микаела Шифрин стигна до доминантна победа на велеслаломот во Крањска Гора, Словенија, освојувајќи ја познатата „Златна лисица“, за да ја забележи својата 82. победа во кариерата, израмнувајќи го рекордот на американската сонародничка, Линдзи Вон.

dobivaj vesti na viber

Шифрин сега ќе може да го подобри рекордот на Вон веќе во вторник на ноќниот слалом во австрискиот Флахау. Шифрин, која има осум победи оваа сезона, исто така е многу блиску до апсолутниот рекорд на Швеѓанецот Ингемар Стенмарк од 86 победи во Светскиот куп. Вон се пензионираше пред четири години поради низа повреди.

Шифрин, која беше најбрза и во првото возење, имаше комбинирано време од 1:52.53, за дури 0.77 секунди пред Италијанката Федерика Брињоне, додека Швајцарката Лара Гут-Бехрами беше трета со 0.97 секунди заостанување. Во топ 5 беа и Петра Влхова од Словачка и Марта Басино од Италија.

Басино останува лидер во дисциплината со 425 поени, само 25 поени пред Шифрин, додека во генерален пласман Шифрин е убедлива лидерка со 1.115 поени пред Влхова со 696 поени.

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН