Утрински Весник
Свет

Шевченко се огласи на социјалните мрежи по последните бомбардирања на Украина

Шевченко се огласи на социјалните мрежи по последните бомбардирања на Украина

Легендарниот украински фудбалер Андреј Шевченко се огласи на социјалните мрежи и објави видео од ужасите и настаните од неговата татковина. Тој откри и дека бил во воз во моменти на хаос и дека на сите им било тешко. Заедно со сето тоа тој најави и порака за поддршка до сите свои сонародници. Неговата објава предизвика големо внимание.

dobivaj vesti na viber

„Русија лансира 80 проектили и 24 дрона ‘камикази’ кон нашата татковина. Киев, Харков, Запорожје, Черновци, Сума, Криви Рих, Днепар. Бев во возот кога почна гранатирањето, моравме да застанеме среде поле. Неколку часа изгледаа како вечност. Едно сакам да кажам – гранати, ракети, напади, ништо нема да ги скрши Украинците. Може да ни ги земат домовите, улиците, но не и нашата храброст, достоинството и волјата за слобода. Ќе ја браниме Украина, ќе пееме во засолништата и ќе се бориме до крај. Во овој мрачен ден благодарни сме на сите, без разлика дали чувствувате грижа, љубов, емпатија, гнев, вашите емоции нека бидат донација и уште еден чекор кон нашата заедничка победа“, напиша Шевченко на својот инстаграм-профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andriy Shevchenko (@andriyshevchenko)

Можете да прочитате

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“

Американска база од 1959 година забележана под 30 метри мраз на Гренланд

Истражување: Загадувањето на воздухот од пожари е поврзано со 1,5 милиони смртни случаи годишно