Утрински Весник
Скопје

Шетале Пит бул без каиш во скопско Козле, па нападнал кутре и дете – кучето починало

Kuce.jpg

Вистинска драна се случила во вторникот навечер околу 20 часот во населбата Козле, каде семејството на Маја било нападнато од куче налик на пит бул или стафорд, кое било шетано без каиш. Инцидентот се случил на патеката кај каналот, каде синот на Маја ја шетал нивната нова миленичка, бебето куче од раса Лагото, по име Бамби.

Според објавата на социјалните мрежи, кучето на непознат сопственик прво било предупредено од газдата со зборовите: „Земи го во раце, не сака други кучиња“. Иако момчето ја земало Бамби во прегратка, кучето сепак нападнало и ја тегнело неколку минути, додека син му се борел да го одбрани кутрето. Нападот завршил со тешки повреди на кучето – скршена кичма, скинати нерви и длабоки рани, од кои, за жал, не успеала да се спаси.


Дополнително, момчето било и самиот гризнат, а телефонот му паднал при обидот да побегне со повреденото куче. Подоцна, како што тврди семејството, телефонот го подигнала сопственичката на агресивното куче, која наводно се обидела да ја изврти приказната, тврдејќи дека кучето им избегало од дома – иако, според Маја, во моментот на нападот, кучето било со сопствениците и не било врзано.

Семејството вели дека сопствениците на агресивното куче одбиле да дадат име, презиме или контакт информации. Инцидентот е пријавен во полиција, а Маја апелира за помош од јавноста во идентификување на сопствениците.

„Ни го убија кутрето, ни го истрауматизираа детето, а сега се обидуваат да се скријат. За ова мора да има одговорност“, напиша Маја.

Можете да прочитате

Арсовска: Апелирам, Јавното обвинителство да не биде политички промотор на власта и да не биде инструментализирано како ПР на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН

Скопје од 26 до 29 јуни ќе биде домаќин на Европското првенство во џудо за кадети

Водовод – Скопје најави стратешка и технички сложена интервенција за унапредување на водоснабдителниот систем