Утрински Весник
Свет

Шестмина загинати и над 100 киднапирани во вооружен напад во Нигерија

20250718213903 big 730x400 65.webp.webp

Најмалку шест лица загинаа, а повеќе од 100, вклучувајќи жени и деца, биле киднапирани во напад на вооружени бандити врз заедницата Каиру во државата Замфара, северозападна Нигерија, соопштија денеска локалните власти.

Замфара е епицентар на напади од тешко вооружени банди кои во последните години предизвикаа хаос низ северозападна Нигерија.


Бандите досега киднапираа илјадници луѓе, убија стотици и ги направија локалните патишта небезбедни во некои области.

Можете да прочитате

Одговорот на Иран на предлогот на САД за прекин на војната „не е позитивен“

Австралија воведе шестмесечна забрана за влез на ирански државјани

Гутереш: Мојата порака до Иран е да престане да ги напаѓа своите соседи