Утрински Весник
Свет

Шестмина повредени во напад со нож во Израел

Izrael.webp.webp

Најмалку шест лица се повредени денеска во напад со нож во израелскиот град Хадера. Двајца од повредените се во тешка состојба, објавија странските агенции, повикувајќи се на израелските власти.

„Терористот е неутрализиран“, се наведува во соопштението на полицијата.

Други детали не се соопштуваат.

Здравствените власти јавија за шестмина повредени, од кои двајца се во тешка состојба.

Како што наведуваат агенциите, израелските власти се внимателни на безбедносните ризици по нападот на палестинското движење Хамас пред една година што ја предизвика војната во Газа, а конфликтот со Хезболах во Либан продолжува да ескалира. (МИА)

Можете да прочитате

Уапсен поранешен британски дипломат поради блиски врски со Епстин

Калас: ЕУ не усвои нови санкции кон Русија и не одобри заем за Украина поради Унгарија

Трамп: Бараме посветеност од земјите членки на БРИКС дека нема да создадат нова валута