Утрински Весник
Македонија

Шест туристи починаа од топлотен бран во Грција

Screenshot 20240624 123817 Messenger.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Поради високите температури, кои достигнуваат и до 40 степени Целзиусови, од почетокот на месецов во Грција загинаа шест туристи, а неколкумина се водат за исчезнати.

Последната жртва е 67-годишен Германец, кој е пронајден мртов на островот Крит, соопшти денеска полицијата.

Туристот во неделата сам излегол на прошетка во кањонот, а по неколку часа и се јавил на сопругата и рекол дека не се чувствува добро.

„Веднаш започна операција за пребарување и спасување и специјална единица за спасување со дронови забележа (тело) на маж во кањонот Трипити“, изјави полициски претставник за Ројтерс.

Спасувачките екипи трагаат и по две Французинки, на возраст од 73 и 64 години, на островот Сикинос и 59-годишен американски полицаец на одмор на островот Аморгос.

Уште еден Американец беше пронајден мртов на грчкиот остров Матраки во Јонското Море минатата недела, а холандски турист беше пронајден мртов на егејскиот остров Самос претходно овој месец.

Телото на британскиот ТВ водител Мајкл Мозили беше пронајдено на 9 јуни на островот Сими во Егејското Море, по четиридневна операција за пребарување со авиони, дронови и чамци.

Мозли наводно одел сам на високите температури пред да исчезне.

Можете да прочитате

Возрасен маж од гостиварско загинал откако се превртел со тракторот

Силјановска-Давкова дома, а каде другите македонски политичарки ќе ја пречекаат новата година?

Калајџиев: Ако е празен буџетот, да ви дадам на заем?!