Утрински Весник
Свет

Шест лица починаа од колера во Судан, регистрирани се 13 илјади новозаболени

1708002705 Whatsapp Image 2023 01 22 At 23.22.13.jpeg

Шест лица починаа од колера во Судан со што бројот на починати од оваа болест во изминатите два месеци се искачи на 388, соопштија тамошните здравствени власти.

Суданското Министерство за здравство соопшти дека во последните два месеци од колера во Судан се разболеле околу 13 илјади луѓе, додека во текот на викендот имало 400 нови случаи. Тие потенцираат дека причината за ширење на колера е поради неодамнешните поплави, но висок број на заразени има и во источен Судан поради војната.

Се посочува дека колера е откриена во 10 од 18 провинции во Судан, а најпогодени се источните провинции Касала и Ал-Кадариф.

Според Светската здравствена организација, колерата е многу заразна болест која предизвикува дијареја и тешка дехидрација, која може да доведе до смрт за неколку часа доколку не се лекува, а се пренесува преку употреба на контаминирана храна или вода.

Претходната голема епидемија на колера во Судан беше во 2017 година, кога за два месеци починаа најмалку 700 луѓе, а околу 22 илјади се разболеа од оваа болест. Во Судан веќе 17 месеци траат судирите меѓу суданската армија и паравоените сили за брза реакција.

Можете да прочитате

Хезболах истрела 150 ракети кон Израел

Телефонски разговор Путин – Ердоган

Пакистан го прекина интернетот и мобилната телефонија