Утрински Весник
Македонија

Шест кандидати за градоначалник на Тетово и десет советнички листи

20250918121921 big 730x400 35.webp.webp

Општинска изборна комисија Тетово ги утврди конечните кандидати за градоначалници и советнички листи за претстојните локални избори на 19 октомври. За градоначалник на Тетово се пријавени вкупно шест кандидати, а има и десет (10) листи со кандидати за советници.

Кандидати за градоначалници се Изет Зејнеловиќ од партијата Демократи, Бајрам Реџепи од коалицијата „Национална Алијанса за интеграција (НАИ), Биљал Касами од коалицијата „Вреди“, Катка Божиноска од партијата Левица, Самка Ибраимоски од коалицијата „Искуство за успех“ на партиите Либерално-демократска партија (ДПЛ), Граѓанска опција за Македонија (ГРОМ) Интегра-македонска конзервативна партија и Партија за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) како и Стевица Саркоски од ВМРО Народна партија.


Потврдени листи за советници се на граѓанска иницијатива „Подобро за Тетово“ со носител на листа Агрон Арифи, партија Левица предводена од Боби Илиески, Движење ЗНАМ-за наша Македонија предводена од Мирослав Симовски, Демократската партија на Турците во Македонија предводена од Јусуф Ерсој, коалицијата предводена од СДСМ со носител Живе Алексовски, ВМРО ДПМНЕ предводена од Бранислав Светозаревиќ, ВМРО Народна партија со носител Драган Давидовски, коалицијата „Искуство за успех“ (ЛДП, ГРОМ; Интегра и ПЦЕР) предводена од Ајдоган Ибраими и коалицијата Национална алијанса за интеграција предоводена од Асаф Абдурамани.

Листите на кандидати се доставуваа до 13 септември, до 24:00 часот, а потоа ОИК проверува дали кандидатите ги исполнуваат условите предвидени според Изборниот законик.

Можете да прочитате

Штипската џиновска пастрамајлија ќе има 17 килограми месо

ВМРО-ДПМНЕ: СДС нека направи дистинкција од МВР и ЈО, ако во нивно време тоа беше едно, сега се различни институции

Семејствата на пациентите со мускулна дистрофија бараат да се обезбеди нова генерација лекови