Утрински Весник
Магазин

Шер дојде на настан без партнерот, го чувал синот

Шер дојде на настан без партнерот, го чувал синот

Шер кажа неколку зборови за своето момче, раперот Александар Едвардс, кога се појави соло на прославата на 90. роденден на Керол Барнет во Лос Анџелес во петокот.

dobivaj vesti na viber

76-годишната музичарка, позната и како божицата на попот, даде интервју за „Акцес Холивуд“ на црвениот тепих непосредно пред почетокот на настанот исполнет со ѕвезди.

Кога Шер упати пофални зборови за реномираниот водител Бернет, новинарката ја пренасочи темата на разговор со духовито прашање: „Дали имате состанок вечерва?“

Шер се насмевна и одговори: „Мојот состанок го чува својот син“.

Александар (37) доби син во 2019 година со својата поранешна партнерка Амбер Роуз. Двајцата се разделија во 2021 година по неговите обелоденети неверства, но сепак одржуваат пријателска кородителска врска.

Новинарката на „Аксес Холивуд“ потоа ѝ изрази поддршка на ѕвездата: „Среќни сме за тебе. Честитки за врската“. „Благодарам“, одговори Шер.

Двојката првпат беше забележана во јавност во ноември минатата година кога беа фотографирани како пристигнуваат во елитен ресторан држејќи се за рака, што предизвика шпекулации во таблоидите.

Шер и Александар се запознаа на Париската модна недела во октомври минатата година, потоа беа забележани во повеќе наврати како одат на романтични вечери држејќи се за раце.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста