Утрински Весник
Македонија

Шекеринска стана заменик генерален секретар на НАТО

Sekerinska Nato.jpg
Dik 300x250 mk

Македонската поранешна министерка за одбрана Радмила Шекеринска е именувана за заменик генерален секретар на НАТО, соопшти пред малку Алијансата.

„Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар. Таа е вистински посветена на НАТО, ја знае работата што е потребна за приклучување во Алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа кога ќе ја преземе оваа витална улога“, изјави шефот на Алијансата, Марк Руте.

Покрај Шекеринска другите кандидати беа поранешната бугарска министерка за надворешни работи Марија Габриел, поранешната претседателка на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ и Оливера Ињац, која беше министерка за одбрана на Црна Гора 2020-2022 година.

Радмила Шекеринска беше министерка кога Македонија стана 30 земја членка на НАТО.

Претходно, таа извршуваше и други високи државни функции како заменик премиер за европски прашања.

Шекеринска ќе биде највисокиот функционер на НАТО од Западен Балкан, а функцијата ќе ја преземе до крајот на годината.

Можете да прочитате

Кривична пријава за запуштање на дете за двајца родители – го терале на питачење

Мециновиќ: Ентузијазмот на нашите гласачи се преслика во долгорочна лојалност кон Левица за да се спротивставиме на оваа ламја режимска

Мециновиќ: На парламентарните избори Левица ќе претендира да биде прва партија во Скопје