Утрински Весник
Свет

Шефот на „Вагнер“ призна дека се мешал во американските избори

Шефот на „Вагнер“ призна дека се мешал во американските избори

Рускиот бизнисмен Евгениј Пригожин призна дека се мешал во американските избори и рече дека ќе продолжи да го прави тоа и во иднина, што е прво вакво признание од човек кој е формално обвинет од Вашингтон за тоа.

dobivaj vesti na viber

„ Ние се мешавме (во американските избори), се мешаме и ќе продолжиме да се мешаме. Внимателно, прецизно, хируршки и на наш начин, како што го правиме тоа“, рече Пригожин во изјавата од медиумската служба на неговата компанија „Конкорд“ објавено на VKontakte, руската верзија на Facebook.

Соопштението е објавено еден ден пред изборите за американскиот Конгрес како одговор на барањето за коментар на руски портал. Пригожин, познат како „готвачот на Путин“ бидејќи неговата компанија се занимава со кетеринг за Кремљ, е формално обвинет за спонзорирање на „трол-фарми“ во Русија кои се обидуваат да влијаат врз политиката.

Во јули Стејт департментот понуди награда од 10 милиони американски долари за информации за Пригожин во врска со „мешање во американските избори“. Тој е опфатен со американски, британски и европски санкции.

До неодамна Пригожин не се истакнуваше во јавноста, но за време на војната во Украина стана погласен и ги критикуваше достигнувањата на руските генерали. Во септември тој призна дека ја финансира платеничката организација Вагнер, која дејствува во Сирија, Африка и Украина.

Можете да прочитате

Израел објави дека ги започнал првите фази од офанзивата врз Газа

Израелската армија објави дека започнала операција за воспоставување контрола врз градот Газа

Нови американски санкции против судии на Меѓународниот кривичен суд