Утрински Весник
Свет

Шефот на „Вагнер“: Го прекинуваме нападот на Бахмут

Шефот на „Вагнер“: Го прекинуваме нападот на Бахмут

Шефот на руската платеничка група „Вагнер“ изјави дека го прекинува нападот врз Бахмут.

dobivaj vesti na viber

Како што објасни тој, нападите се запираат за да им се овозможи на украинските сили од другата страна на бојното поле безбедно да им го покажат градот на американските новинари кои доаѓаат во посета.

Групата „Вагнер“ го предводеше рускиот напад врз Бахмут во најдолгата и најкрвавата битка на војната, но украинските сили досега успешно ги спречија неговите обиди да ја преземе целосната контрола врз градот.

„Одлуката е донесена да се запре артилерискиот оган за американските новинари безбедно да го снимат Бахмут и да си одат дома“, рече Пригожин во аудио пораката.

Во истата порака тој ја предупреди украинската страна да не се обидува да внесе дополнителни сили под превезот на посета на новинари.

Можете да прочитате

Зеленски: САД дава сигнали за продолжување на мировните преговори со Русија

Белорусија ослободи 250 политички затвореници

Русија најавува помош за Куба во услови на блокада