Утрински Весник
Македонија

Шефот на шпанската дипломатија Албарез во посета на Скопје

Димитар Љоровски именуван за нов член на Комисијата за историски прашања меѓу Македонија и Бугарија

Министерот за надворешни работи, ЕУ и соработка на Кралството Шпанија, Хозе Мануел Албарез Буено, денес, ќе престојува во еднодневна работна посета на Република Северна Македонија, на покана на министерот за надворешни работи Бујар Османи.

dobivaj vesti na viber

Освен средбата со својот домаќин, министерот Османи, Албарез ќе се сретне и со заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ.

Покрај билатералните односи меѓу двете земји, централно место во разговорите се очекува да биде забрзувањето на нашиот пристапен процес во Европската Унија, во светло на претстојното претседавање на Шпанија со Советот на ЕУ во втората половина на годината. Во таа насока, предвидено е и потпишување на билатерален Меморандум за разбирање за развој на соработката во процесот на пристапување во ЕУ.

На средбите ќе бидат опфатени и можностите од продлабочување на економските односи, како и секторската соработка во останатите сегменти на општественото живеење.

Можете да прочитате

Активиран Кризниот штаб во Аеродром, апел за внимателност

Локализиран пожарот во Крива Паланка

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните