Утрински Весник
Свет

Шефот на НАТО смета дека војната во Украина е во критична фаза

Шефот на НАТО смета дека војната во Украина е во критична фаза

Војната на Русија во Украина влегува во „критична фаза“ благодарение на контраофанзивата на Киев, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

dobivaj vesti na viber

„Украинските сили успеаја да ја запрат офанзивата на Москва во Донбас, да нападнат зад руските линии и да ја вратат територијата“ – рече тој денеска за време на прес-конференцијата со американскиот државен секретар Антони Блинкен.

„Само во изминатите неколку дена, видовме дополнителен напредок и на југ во Херсон и на исток во регионот Харков“ рече Столтенберг и посочи дека тоа ја покажува „храброста, умешноста и одлучноста на украинските сили“.

„Западната солидарност не смее да попушти сега, и покрај енергетската криза и зголемените трошоци за живот. Но, цената што ја плаќаме се мери во пари, додека цената што ја плаќаат Украинците се мери со животи“, рече Столтенберг.

„И сите ние ќе платиме многу повисока цена ако Русија и другите авторитарни режими ја видат нивната агресија наградена. Ако Русија престане да се бори, ќе има мир. Ако Украина престане да се бори, таа ќе престане да постои како независна нација. Затоа мораме да продолжиме, рече тој.

Можете да прочитате

Јужна Кореја избира нов претседател

Бројот на повредени во нападот на проеврејски митинг во Колорадо се зголеми на 12

Што пишува во рускиот меморандум „за регулирање на украинската криза“