Претседателот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ), Томас Бах вели дека е крајно разочаран од критиките од дел од европските влади на планот на ИОЦ за „постепено“ враќање на руските и белоруските спортисти во интернационалните натпреварувања, велејќи дека се работи за дволичен чин кој ја нарушува автономијата на спортот.
ИОЦ вчера ги објави препораките за интернационалните федерации за враќање на Русите и Белорусите за да можат да „бркаат“ олимписки норми, по што владите на Украина, Полска и Чешка јавно реагираа со порака дека тие не заслужуваат место во светскиот спорт додека трае војната.
„Понижувачки е да се види дека некои влади не сакаат да го почитуваат мнозинството во олимпиското движење, ниту автономијата на спортот. Понижувачки е да не се посочи на двојните стандарди. Не сме виделе коментар за учество на спортисти од земји од други 70 војни и воени конфликти низ светот. Ваквите интервенции само ќе го засилат олимпиското движење. Владите не смеат да одредуваат кои спортисти ќе учествуваат на натпреварувања. Тоа би значело крај на светскиот спорт каков што го познаваме“, вели Бах во изјава за „Ројтерс“.