Утрински Весник
Свет

Шефот на германската служба БНД: Директниот воен конфликт со НАТО стана опција за Москва

20241015074101 Big 730x400 57.webp.webp

Шефот на германската надворешна разузнавачка служба БНД, Бруно Кал, ги предупреди членовите на германскиот Парламент во Берлин дека директна воена конфронтација со НАТО „стана опција“ за Москва и дека руската војска веројатно ќе биде во позиција да започне напад врз западната војска до крајот на оваа деценија.

На состанокот на шефовите на германските разузнавачки служби со пратениците во Бундестагот, Кал рече дека подготвеноста на Русија да користи хибридни и тајни мерки достигна „ниво што досега не е видено“, пренесува бриселскиот портал Политико.

Кал им рече на пратениците дека целта на Кремљ е да го подели Западот за да ја намали способноста на Европа да се брани, а истовремено да ја зајакне руската војска во подготовка за потенцијален напад.

„(Рускиот претседател Владимир) Путин ќе продолжи да ги тестира ‘црвените линии’ на Западот и дополнително да го ескалира конфликтот. Во однос на персоналот и материјалот, руските вооружени сили веројатно ќе бидат во позиција да извршат напад врз НАТО до крајот на оваа деценија“, рече Кал.

Тој посочи дека Русија, која води војна против соседна Украина од февруари 2022 година, троши многу повеќе на војската отколку европските земји и значително ги зајакнува своите конвенционални сили.

Можете да прочитате

Во 37 држави почна предвременото гласање за претседателските избори во САД, досега гласаа пет милиони луѓе

Путин до Државната Дума достави предлог за ратификација на сеопфатниот договор со Северна Кореја

„Тесла“ се запали по несреќа во Франција, телата на четири лица изгореле до непрепознатливост