Утрински Весник
Свет

Шефот на ерменскиот парламент плукнал минувач откако им наредил на телохранителите да го зграпчат 

Шефот на ерменскиот парламент плукнал минувач откако им наредил на телохранителите да го зграпчат 

Претседателот на ерменскиот парламент, Ален Симонјан, се извини што оваа недела плукна минувач.

dobivaj vesti na viber

„Извинете, изгубив контрола врз себе поради навредата што ми беше упатена“, напиша 43-годишниот Симонјан на својот кориснички профил на социјалната мрежа Фејсбук. Инцидентот предизвика жестока дебата во ерменските медиуми.

Поранешниот ерменски претседател Левон Тер-Петросјан е еден од луѓето кои побараа оставка од Симонјан. Инцидентот се случил на почетокот на неделава кога граѓанин на улица наводно го нарекол Симонјан предавник.

Спикерот на парламентот тогаш им наредил на своите телохранители да го грабнат човекот кој Симонјан го плукнал во лице, изјави човекот подоцна. Симонјан не негираше дека така постапил, но за инцидентот рече: „Добро запамететедека вашата дрскост нема да остане неказнета, навредата упатена до легитимните државни органи ќе добие легитимен одговор“.

Претседателот на Собранието и еден од водечките членови на владејачката партија Граѓански договор беа под голем притисок откако се прошири веста за настанот. Владата на земјата веќе се смета за ослабена по губењето на војната со соседен Азербејџан за регионот Нагорно-Карабах во 2020 година.

Конфликтот ја втурна земјата во длабока криза.

Многу граѓани го сметаат за предавство договорот за прекин на огнот потпишан од ерменскиот премиер Никол Пашинјан, со кој Ерменија предаде големи делови од Нагорно Карабах.

Можете да прочитате

Teшка несреќа во Полска: тркачки автомобил влета во луѓе, многумина се повредени

Нов масакр во Газа – 38 мртви за 24 часа и над 200 лица повредени во израелските напади

Хеликоптер во кој бил Путин се нашол сред масовен напад на украински дронови