Утрински Весник
Спорт

Шчесни: Бев исплашен како никогаш досега

Шчесни: Бев исплашен како никогаш досега
Dik 300x250 mk

Голманот на Јувентус, Војчех Шчесни мораше да ја напушти играта во 42. минута поради болки во градите. За среќа, по натпреварот откри дека е добро.

dobivaj vesti na viber

На прв поглед не изгледаше дека ништо е сериозно, но во еден момент полскиот голман побара измена. Тој се пожали на болка во градите, поради што беше принуден да ја напушти играта предвреме и да и отстапи место на Матија Перин.

„Бев исплашен како никогаш досега. Ова сè уште не ми се случило. Воопшто не можев да земам здив и тоа ме загрижи. Сега сум добро, малку грогиран. Ги направивме сите тестови и се чини дека е добро“, изјави Шценни.

Сепак, тој дури и се пошегува за оваа ситуација пофалувајќи го Матија Перин кој имаше одлична одбрана во четвртата минута од судиското надополнување.

„Точно е дека видов во каква форма е Матија и дека се жалев дека сум уморен знаејќи каква одбрана ќе има во 94. минута. За негова заслуга покажа дека е тип со големо срце, направен од чисто злато“, заклучи Шчесни.

Можете да прочитате

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен