Утрински Весник
Спорт

Шаркоски се врати во Работнички

Шаркоски се врати во Работнички
Dik 300x250 mk

Николче Шаркоски е нов фудбалер на Работнички. Тој како слободен агент, по 18 месеци се врати во редовите на „романтичарите“. Во изминатиот период играше за Академија Пандев.

dobivaj vesti na viber

Шаркоски потпиша едногодишен договор. Претходно Шаркоски играше за Работнички три и пол сезони, од 2018 до 2021 година.

„Среќен сум што се враќам во редовите на Работнички. Ова за мене е добро позната средина, верувам дека брзо ќе се вклопам и дека ќе му помогнам на тимот да ги реализира клупските цели“, вели Шаркоски.

Работнички денеска го игра мечот од 1/16-финалето во Купот на Македонија против БВК Коњари.

Извор/fkrabotnicki.com

Можете да прочитате

По новите докази ФФМ изрече уште една доживотна суспензија за инцидентот на дуелот Беса – Аеродром 2018

Рељиќ со победа над Бразил и нефер пораз од Кина на Светско првенство Г-14

Ракометниот спектакл на задоволство на ракометната публика