Утрински Весник
Македонија

Шарената џамија во Тетово и Хаџи Балабан џамијата ќе бидат реставрирани со поддршка од Турција

Mk turcija.webp.webp

Шарената џамија во Тетово и Хаџи Балабан џамијата во Скопје ќе бидат реставрирани со поддршка на Турската дирекција на Вакуфи. Протоколот за соработка го потпишаа поглаварот на ИВЗ, Шакир Фетаи, и Генералниот директор на Вакуфите, Синан Аксу, во Турција.

-Потпишаниот протокол претставува конкретен чекор кон зачувување и пренесување на заедничкото вакуфско наследство на идните генерации, зајакнувајќи ја институционалната соработка и духовните врски во нашата заедничка културно-верска средина. Исламската верска заедница изразува целосна увереност дека оваа соработка ќе донесе трајни и корисни резултати во служба на вакуфското наследство, верниците и идните генерации, стои во соопштението на ИВЗ.

Поглаварот Фетаи, заедно со муфтиите на Тетово, Штип и Битола, е во неколкудневна посета на Турција. Шарената џамија во Тетово е заштитен споменик на културата.

Можете да прочитате

Уапсен 18-годишен ученик кој се заканувал дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во тетовско средно училиште

Финансиска полиција со кривична пријава против екс директор на Комунална хигиена

Фрчкоски: „Руднап” и Божиновска се клучниот линк, АКТ на СДСМ откри нов дел од бизнис мрежата на Мицкоски