
Националниот парк Шар Планина од денес е дел од Мрежата Паркови на Динаридите, организација што ги обединува заштитените планински области од осум земји и брои вкупно 105 членки.
Приемот беше официјализиран на Седмата меѓународна конференција на Парковите на Динаридите под мотото „Глобални и европски перспективи на заштитените подрачја во регионот“, одржана во Подгорица. Од паркот истакнуваат дека овој чекор претставува важно признание и дополнителен мотив за унапредување на управувањето со подрачјето.
„Особено го истакнувам тоа што со колегите од соседните држави разменивме искуства, што говоревме за добрите и лошите моменти во управувањето со заштитените подрачја“, изјави Милорад Андријески од управата на паркот.

