Утрински Весник
Македонија

„Шанса за Центар“ поднесе иницијатива до Уставен за ДУП-от за Буњаковец и просторот на „Треска“

„Шанса за Центар“ поднесе иницијатива до Уставен за ДУП-от за Буњаковец и просторот на „Треска“

Граѓанската иницијатива Шанса за Центар и адвокатката Сузана Јошевска од Скопје на 14 јули поднесоа иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на деталниот урбанистички план за Буњаковец во чии рамки спаѓа и просторот на поранешната фабрика „Треска”, со цел да го спречат неговото понатамошно спроведување што ќе нанесе штета на јавниот интерес.

dobivaj vesti na viber

Според законот за урбанистичко планирање, деталните урбанистички планови треба да бидат во согласност со генералните урбанистички планови, а тоа не е случај со планот за Буњаковец.

Генералниот урбанистички план има за цел да обезбеди хумани услови за живеење и работа на граѓаните, со почитување на стандардите и нормативите за урбанистичко планирање, со рационално користење на просторот, заштита на животната средина и одржлив развој.

-Планот за Буњаковец, спротивно, предизвикува ризици за здравјето, безбедноста на локалната заедница и квалитетот на живот. Во ДУП-от за Буњаковец се отсликува практиката на планирање од изминатава деценија, а со главен белег на зголемување на површините за домување и бројот на жители. Истовремено, се намалуваат површините под зеленило, јавните површини и објектите со социјална или образовна намена. Затоа, Шанса за Центар и адвокатката Јошевска бараат од Уставниот суд да го стави вон сила и да го заштити правото на граѓаните на чиста и здрава животна средина.

Да ја потсетиме јавноста дека овој план предвидува изградба на нови објекти на подрачјето на поранешната фабрика „Треска”, што би значело уништување на просторот и реализирање на т.н. „наполитанки„ предвидени со планот против кој застана и самата општина и подготви елаборат за суспензија. Претходното раководство на општината се обиде со институционани механизми како мораториумот и суспензијата да го стопира реализирањето на овој план, а со поддршка на еминентни професионалци од областа се направи урбанистички конкурс за уредување на овој значаен простор. Но промената на власта во Центар, и доаѓањето на градоначалникот Горан Герасимовски ги запре и прекина сите заложби за похумано уредување на овој простор и отвори простор за инвеститорско – профитерските спреги да се стават над јавниот интерес.

Жално е што во период кога светот сѐ повеќе се врти кон одржливо искористување на просторот, планирање на градовите за безбедно, спокојно и достоинствено живеење на луѓето, кај нас се прават планови во кои се важни интересите само на малкумина. Најтажно е што и властите развојот на просторот го третираат само како можност за полнење на општинската каса, еднократен приход со кој ќе се „преживее” годината и ќе се покријат неколку проекти, но и непродуктивните трошоци и вработувања.

Оваа кусогледост остава несогледлива штета за идните генерации. Погрешното уредување на просторот нема да може да се поправи лесно и едноставно. Станува збор за необновлив ресурс, кој што е трајно загубен кога еднаш е веќе погрешно испланиран и искористен, стои во соопштението од „Шанса за Центар“.

Можете да прочитате

СДСМ: Скопје и Аеродром со ВМРО-ДПМНЕ го живеат најголемиот ужас од своето постоење 

Министерството за економија ја „спакува“ новогодишната кошничка

Владиката Тимотеј ќе биде погребан в четврток на Плаошник