Градоначалникот на Струга од ДУИ, Рамиз Мерко е на црната листа на Стејт Департментот бидејќи влијаел врз судските процеси и злоупотребувал фондови, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Човек кој што ја води Струга и е висок партиски функционер во ДУИ е прогласен за персона нон грата на САД. Цела фамилија на Мерко е на црната листа на САД. Стејт Депрартментот јасно потврди дека високите претставници кои се дел од владата на СДС и ДУИ се криминалци.
САД нотираат дека владините функционери се мешаат во судската власт и диктираат пресуди. САД нотираат дека во Македонија нема независно и професионално судство, туку политичко влијание од страна на високи функционери дел од криминалната коалиција СДС и ДУИ.
ВМРО-ДПМНЕ изминатите 6 години постојано реагираше на вмешаност на владата во судските процеси и партизираност и политизираност на судските органи. Речиси во секој извештај од Стејт Департментот се нотира корупција и криминал на владини функционери“ велат од партијата.
Оттаму додаваат дека тоа е шамар за владата на СДС и ДУИ од САД.
„Ова е само една од причината зошто ДУИ мора да оди во опозиција. Институциите да не молчат туку веднаш да реагираат. Потребна е одговорност“ порачаа од опозициската партија.