Утрински Весник
Магазин

Шакира конечно се враќа во живот: Пред Ф1 трката со Том Круз, а потоа со Луис Хамилтон

Шакира конечно се враќа во живот: Пред Ф1 трката со Том Круз, а потоа со Луис Хамилтон

Се чини дека Шакира е многу активна во потрагата по забава или по нов партнер, откако дефинитивно ја остави 12-годишната врска со Жерар Пике зад себе, коментираат таблоидите.

dobivaj vesti na viber

Колумбиската пејачка ги вкрсти патиштата со легендата на Формула 1 Луис Хамилтон на вечера во Мајами во вторникот, среде шпекулации дека таа веќе го привлекла вниманието на Том Круз.

Папараците ја сликаа Шакира во луксузен ресторан со плејбој возачот, како што многумина го нарекуваат, откако пред само неколку дена беше во друштво на Том Круз.

Видеото од ресторанот секако предизвика прилично чудење и крена многу веѓи на социјалните мрежи.

Таа, наводно, самата му пришла на Хамилтон додека седел со пријателите.

„И неизбежно ги сврте погледите кон себе кога влезе во популарниот италијански ресторан „Циприани“ во Мајами, каде што гран-при асот Хамилтон (38) вечераше со група пријатели,“ објавија неколку шоу-биз медиуми.

Пред неколку дена, Ф1 универзумот беше сведок на вистинска мастеркласа на Макс Верстапен. Сепак, вниманието на многуте фанови постојано беше усмерено кон лонџ-зоната, каде Шакира навидум добро се забавуваше со Том Круз. Додека тие двајца уживаа во своето време заедно, долж тркачката патека беа забележани уште многу големи имиња.

Илон Маск, Вин Дизел и Џеф Безос беа некои од познатите кои исто така беа присутни на Гранприто во Мајами. Подоцна истата вечер, Шакира отиде на вечера со секогаш славниот Луис Хамилтон.

Иако неговите перформанси во Ф1 малку опаднаа, тркачот дефинитивно вечерта ја заврши со насмевка на лицето а според некои таблоиди, ова се должи на дружбата со Шакира и неколку негови пријатели во популарниот италијански ресторан.

Ова веројатно нема да му се допадне на Том Круз, кој откако помина еден ден со атрактивната Колумбијка покрај тркачката патека, наводно, е исклучително заинтересиран за неа.

Инсајдер изјави за „Пејџ сикс“ дека актерот  (60) пројавил голем интерес за пејачката (46) бидејќи има хемија меѓу нив.

Колумбиската ѕвезда (46) се пресели во Флорида со своите две деца по горката разделба од поранешниот фудбалер на ФК Барселона и Шпанија, Жерар Пике минатиот јуни.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста