Утрински Весник
Спорт

Шакира и Пике се договорија за старателство на децата

Шакира и Пике се договорија за старателство на децата

Колумбиската поп-дива Шакира и поранешниот фудбалер на Барселона, Жерард Пике, дојдоа до договор за старателството на нивните два сина по разводот, потврдија нивните претставници во вторникот.

dobivaj vesti na viber

45-годишната Колумбијка ќе се пресели во Мајами со Милан (9) и Саша (7), а Пике ќе има право да ги зема 10 дена секој месец плус за време на школските одмори, потврди неговиот адвокат Роман Тамбореро.

„Не се работи за тоа кој победил или загубил, ако има победник во ова, тоа сигурно се децата“, изјави Тамбореро по крајот на преговорите, кои траеја неколку месеци.

35-годишниот Пике, изненадувачки, минатата недела објави дека се повлекува од фудбалот бидејќи не добиваше многу шанси од тренерот (и поранешен соиграч) Чави Ернандез, но се верува дека и оваа спогодба влијаела на неговата одлука. Шакира и Пике се заедно од 2011 година откога во 2010 се запознаа при снимањето на Waka Waka, официјалната песна на Светското првенство во Јужна Африка.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина