Утрински Весник
Магазин

Шакира ја напушти Барселона откога таткото на Пике ѝ испратил известување за иселување

Шакира ја напушти Барселона откога таткото на Пике ѝ испратил известување за иселување

Шакира наводно се откажала од својата сакана Барселона засекогаш откога таткото на нејзиниот поранешен партнер Жерар Пике ѝ доставил писмено известување да се исели од објектот во кој престојува.

dobivaj vesti na viber

Пејачката (46) потврди дека го напушта шпанскиот град среде шпекулации дека таа и нејзините деца, Милан (10) и Саша (8), ќе се преселат во Мајами, а шпанските медиуми објавија дека ова следувало по добивањето барање таа и нејзините родители да ја напуштат поранешната семејна куќа на поранешниот пар.

Локалните медиуми пишуваат дека тоа е истата вила во која Шакира (родена како Шакира Изабел Мебарак Рипол) поставила кукла вештерка на балконот, кој е свртен кон домот на нејзината свекрва.

И „Ел Периодико“ и „Ла Вангуардија“ објавија дека на Шакира во март ѝ било кажано дека има рок до април да ја напушти вилата во Есплугес де Лобрегат, каде што живее по разделбата од фудбалерот Жерар минатата година, или ќе се соочи со плаќање отштета.

Беше објавено дека барањето дошло преку е-пошта потпишана од таткото на Жерар, Жоан Пике, за кој се смета дека е директор на холдинг-компанијата на син му, „Керад холдинг“.

„Ел Периодико“ веста за барањето Шакира да се исели од куќата ја објави со коментар: „Сега ги разбираме фотографиите на пејачката како плаче“.

Претходно, во својата објава на „Инстаграм“ на англиски и шпански јазик за тоа како ја напушта Барселона, Шакира напиша: „Дојдов во Барселона за да им дадам на моите деца стабилност, истото што сега го бараме во друг агол на светот покрај семејството. пријателите и морето“.

„Денес, почнуваме ново поглавје во потрагата по нивната среќа. Им благодарам на сите што сурфаа покрај мене со толку многу бранови таму во Барселона, градот во кој научив дека пријателството е секако подолго од љубовта“.

Емотивната објава ја заврши со зборовите: „Благодарам на сите што беа тука за да ме расположат, да ми ги исушат солзите, да ме инспирираат и да ме натераат да пораснам. Благодарност до мојата шпанска публика, која секогаш ме покриваше со својата љубов и лојалност“.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста